Özgün Tiran
28 Јуни 2017•Ажурирај: 29 Јуни 2017
КИРКЛАРЕЛИ (AA) - Пингпонгарот Eрман Четинер, со Даунов синдром, во турскиот град Киркларели е познат под името „ловец на медали“ и досега има освоено околу стотина, јавува Anadolu Agency (AA).
Четинер по препорака на професор од училиштето, а сега и тренер, Сонер Полат, почна да се занимава со пинг-понг. За многу кратко време, тој постигна голем успех и ја одбрани титулата првак на Турција.
Тој со медали се врати од првенствата во Јужна Африка и во Италија, одржани во 2015 и 2016 година, а неговата нова цел е злато на Светското првенство што ќе се одржи во октомври во Русија.
Љубовта кон пинг-понгот е јасна од фактот што Четинер спие со рекет и топче.
По работата во државната служба, Четинер заедно со мајка си Ѓонул шета до стадионот „Ататурк“, а потоа оди на тренинг.
Тој за АА изјави дека верува оти со пинг-понгот ги надминува сите пречки. Четинер додава дека многу го сака пинг-понгот и оти со него се занимава 12 години, од кои девет професионално.
Овој пингпонгар е среќен што својата земја, како дел од националниот тим на пингпонгари со Даунов синдром, ја претставува и во странство. Неговата цел е да биде број еден во светот во пинг-понг.
Неговата мајка Ѓонул вели дека нејзиниот син надминал многу пречки и оти пинг-понгот го прави среќен.
Тренерот Полат смета дека Четинер е мошне успешен спортист, и додава дека секојдневно нижи успеси на првенствата на коишто учествува, а убеден е дека од Светското првенство во Русија ќе се врати со медал.