Oktaj Omeragikj
10 Септември 2020•Ажурирај: 11 Септември 2020
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Северна Македонија информираше дека во последните 24 часа се направени 1.410 тестирања, при што се регистрирани 121 нови случаи на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последното деноноќие животот го загубија 3 лица како последица на заразеност со новиот тип на коронавирус.
Вкупната бројка на дијагностицирани лица позитивни на Ковид-19 во земјата од почетокот на пандемијата досега 15.414, додека бројката на оздравени пациенти е 12.896.
Досега од последици на заразеност со Ковид-19 починати се 637 заразени, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.881.