Abdula Berisha
28 Јуни 2019•Ажурирај: 29 Јуни 2019
СКОПЈЕ (АА) - Собранието на Северна Македонија, по собраниската расправа која траеше речиси 12 часа и беше проследена со неколку паузи, ги усвои предлозите на Владата за назначување на новите министри во владиниот кабинет, јавува Anadolu Agency (AA).
Трајан Димковски е избран за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. За него гласаа 66 пратеници, доколку 26 беа против.
Насер Нуредини е новиот министер за животна средина и просторно планирање. Тој ја доби довербата од 65 пратеници, 26 беа против и еден воздржан.
Садула Дураку е назначен за министер за политички систем и односи помеѓу заедниците. За него гласаа 64 пратеници, а 28 беа против.
Хусни Исмаили е избран за да раководи со Министерството за култура. Тој ја доби довербата на 65 пратеници, 26 беа против.
Горан Милевски ќе раководи со Министерството за локална самоуправа. За него гласаа 65 пратеници, 26 беа против и еден воздржан.
Собранието на Северна Македонија брои вкупно 120 пратеници, додека за назначување на нови министри се потребни пласовите на најмалку 61 пратеници.
Првичниот предлог на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, предвидуваше тој истовремено да ја извршува и функцијата на министер за финансии. Но, по критиките од опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и поради негативното мислење и од Државна комисија за спречување на корупција, премиерот ја повлече таа одлука.
Меѓутоа, тој ќе раководи со оваа министерство до назначување на нов министер. Заев рече дека амбицијата да раководи со Министерството за финансии до изборот на новиот министер се однесува на превземањето одговорност преку „превземањето на сериозни и крупни одлуки".
По завршувањето на гласањата, новите министри дадоа свечена заклетва во Собранието. Во текот на собраниската расправа за назначување на новите министри, слично и во дебатата одржана еден ден претходно за разрешување на поранешните министри, опозицијата обвинување дека не се направени вистинските промени во Владата.
Според опозициските партии, најдобро би било целата Влада да даде оставка и да се закажат предвремени парламентарни избори.
Меѓутоа, премиерот Зоран Заев рече дека владината реконструкција има за цел да им служи на граѓаните и на државата.
Оваа владина реконструкција беше најавена од премиерот Зоран Заев во текот на кампањата за претседателските избори одржани на 21 април и 5 мај оваа година. По изборите, Заев истакна дека ја примиле пораката од гласачите, односно дека се потребни промени во кадровската политика на власта.