Aida Cako
24 Јули 2025•Ажурирај: 28 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) – Собранието на Северна Македонија денеска не успеа да ја стави на дневен ред резолуцијата за Појасот Газа, со која се бара дозвола за влез на хуманитарна помош во палестинската енклава разурната од израелските напади, јавува Анадолу.
Од вкупно 93 пратеници во салата, само 16 гласаа за предложената резолуција од страна на некои од опозициските пратеници.
По гласањето, претседавачот Антонио Милошоски констатираше дека предлогот не е одобрен.
Пратеникот Скендер Реџепи реагираше на социјалните мрежи, истакнувајќи: „Ќе продолжиме да го креваме гласот бидејќи сме луѓе и треба да докажеме дека сме на вистинската страна на историјата“.
И партијата Левица реагираше поради тоа што резолуцијата не беше ставена на дневен ред.
„Додека палестинските деца умираат од глад, македонското Собрание не само што не го осуди ционизмот на Израел (за разлика од многу европски држави) – туку не се уважува барем срамежливо да побара хуманитарна помош пред најголемиот геноцид на нашето време!“, изјави Јована Мојсоска, додавајќи дека шест пратеници од нејзината партија гласале за резолуцијата.
Од почетокот на офанзивата во октомври 2023 година, Израел има убиено повеќе од 59.200 Палестинци во Појасот Газа, од кои најголем дел се жени и деца. Воената кампања ја има уништено целата енклава, го сруши здравствениот систем и доведе до сериозен недостиг од храна.
Во моментов, Газа се соочува со екстремен глад, додека водечките меѓународни организации за човекови права апелираат за итна интервенција и дозвола за влез на основни намирници и хуманитарни средства за населението.