Kemal Zorlak
24 Ноември 2026•Ажурирано: 24 Ноември 2026
Бачкиот митрополит Иринеј Буловиќ почина денес на 79-годишна возраст, објави Српската православна црква (СПЦ), пренесува Анадолу.
„Со длабока тага во срцето и надеж во воскресението на мртвите и вечниот живот, Бачката епархија го известува верниот народ и целовитоста на Српската православна црква дека денес, 24 ноември 2026 година, на празникот на светиот крал Стефан Дечански, во утринските часови, на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица, во Господа се упокои Неговото високопреосвештенство, архиепископот новосадски и митрополит бачки Иринеј“, соопшти СПЦ.
„Вечен спомен, достоен за блаженство и незаборавен, оче и владико наш Иринеј“, порачаа од Црквата.
Бачкиот митрополит Иринеј Буловиќ е роден на 11 февруари 1947 година во Станишиќ, како Мирко Буловиќ. Тој беше српски православен архијереј, теолог и пензиониран универзитетски професор.
Од 1990 година беше на чело на Бачката епархија, најпрво како епископ, а од 2024 година и како новосадски архиепископ и бачки митрополит.
Беше администратор на Австриската епархија, а претходно ја извршуваше функцијата викарен моравички епископ.