Senita Sehercehajic
25 Септември 2020•Ажурирај: 27 Септември 2020
БЕЛГРАД
Аион на Војската на Србија утрово падна во близина на Мал Зворник, известува Агенција Анадолија (АА).
„Во текот на извршувањето на редовна летачка задача, утрово околу 9 часот се урна авион од типот „миг 21“ на Војската на Србија во регионот на Мал Зворник“, потврдија од Министерството за одбрана на Србија.
На местото на кое падна авионот упатена е екипа од Службата за трагање и спасување на Военото воздухопловство (РВ) и Противвоздушна одбрана (ПВО) и надлежните органи.
Засега нема информации за евентуални човечки жртви или повредени при падот на авионот.