Agim Sulaj
25 Септември 2020•Ажурирај: 26 Септември 2020
ПРИШТИНА
Во Косово почина еден пациент како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 617, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 46 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 15.379.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 664 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 64.894 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 13.088 лица. Моментално има 1.674 активни случаи.