Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
Балкан

Сузбиена криминална група што вршела кривични дела против културното наследство

Кривична пријава за вршење кривични дела против културното наследство и природните реткости е поднесена вчера против вкупно 14 лица.
Admir Fazlagic
06 Октомври 2018•Ажурирај: 07 Октомври 2018
Сузбиена криминална група што вршела кривични дела против културното наследство
Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Кривична пријава за вршење кривични дела против културното наследство и природните реткости е поднесена вчера против вкупно 14 лица, од кои 13 се приведени, а по преостанатиот се трага, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Во текот на вчерашниот ден Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со Основното јавно обвнителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана акција, со цел сузбивање на организирана повеќечлена криминална група составена од лица од Скопје, Велес, Струмица, Радовиш, Тетово, Струга и Битола, инволвирана во вршење на кривични дела против културното наследство и природните реткости“, сооопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на денешната прес-конференција.

„Криминалистичката истрага се спроведуваше една година од страна на ОСОСК – Единицата за сериозен криминал, при Секторот за криминалистички истраги, а вчера се извршени претреси на вкупно 16 локации, при што од слобода се лишени 13 лица и од нив привремено се одземени голем број артефакти: монети, полускапоцени и скапоцени камења, стар накит, скулптури, керамички и бронзени предмети, метални шипки, мапи, метал детектори, скици, тефтери, нотеси, мобилни телефони, рамка за пиштол и куршуми, и слично“, рече Ангеловски.

Пријавените организатори и членови на злосторничкото здружение, во наведениот период со умисла и континуирано нуделе на продажба поединечно или групно повеќе предмети пронајдени претходно или во тек на посочениот период, договарале и вршеле истражувања на различни локации.

„Ископаните археолошки предмети од непроценлива вредност (монети, скапоцени и полускапоцени камења) на повеќе археолошки локалитети на повеќе локации низ државата (Струмица, Велес) ги продавале на заинтересирани лица од странство (Албанија, Турција и Грција), а продажбата ја вршеле на непосредни средби. Купопродажбата, освен на територијата на Македонија, ја вршеле и во Грција“, соопшти Ангеловски.

По лишувањето од слобода, осум лица се задржани во полициска станица до нивно изведување пред судија по претходна постапка, а пет лица по извршен службен разговор се пуштени.

related_topics:
МВРКултурно наследствоартефакти
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Столтенберг допатува во посета на Србија

Столтенберг допатува во посета на Србија

Следно

Општи избори во Босна и Херцеговина

Општи избори во Босна и Херцеговина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иран: Планот за „паметно управување“ со Ормускиот Теснец финализиран во комисијата на Парламентот

Германската шпионска агенција купи европска алтернатива на Палантир поради загриженост за доверливоста

Над 1.700 лица затворени на крузер во францускиот град Бордо по смртта на патник

Зеленски пристигна во Романија за учество на самитот на Букурешката деветка

Белгија и Холандија потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија

Медведев се пошегува дека Западот станал „поблизок“ по успешното тестирање на руската ракета

Грчкиот премиер предупреди на енергетска и инфлациска криза предизвикана од кризата во Ормускиот Теснец

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Од 19 јуни до сега издадени над 190 илјади потврди

МВР: Од 19 јуни до сега издадени над 190 илјади потврди

МВР: Од јуни до сега изадени над 200 илјади потврди

МВР: Од јуни до сега изадени над 200 илјади потврди

Министерство за надворешни работи – Франција: Нема загинати и повредени македонски државјани, Иванов со телеграма за сочуство

Министерство за надворешни работи – Франција: Нема загинати и повредени македонски државјани, Иванов со телеграма за сочуство

МВР: Бројот на мигранти кои транзитирале низ Македонија достигна 300 илјади

МВР: Бројот на мигранти кои транзитирале низ Македонија достигна 300 илјади

МВР: Во текот на декември запленети 26.849 парчиња пиротехнички средства

МВР: Во текот на декември запленети 26.849 парчиња пиротехнички средства

МВР со зајакнати мерки на безбедност за новогодишната ноќ

МВР со зајакнати мерки на безбедност за новогодишната ноќ

Македонија: Тројца починати, еден повреден за новогодишната ноќ

Македонија: Тројца починати, еден повреден за новогодишната ноќ

Унгарска полиција ќе патролира на македонско-грчката граница

Унгарска полиција ќе патролира на македонско-грчката граница

Спасовски: Откриени се 70 илјади обрасци за дупликат на возачки дозволи

Спасовски: Откриени се 70 илјади обрасци за дупликат на возачки дозволи

Гевгелија: Застој во протокот на бегалци

Гевгелија: Застој во протокот на бегалци