Andelija Stojkovic
31 Јануари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, изјави дека е фер по војните луѓето на Балканот да живеат во мир и дека е потребно сите да бидат разумни за да се оствари такво нешто, јавува Anadolu Agency (AA).
„Мораме да бидеме разумни, да сакаме мир, да не се откажуваме од своите идеи, туку да ги истакнеме со голема интелигенција“, изјави Тајани на прес-конференцијата по состанокот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Тој изјави дека ЕУ инститира пред влезот на Србија во ЕУ неопходно е Белград и Приштина да постигнат правно-обврзувачки договор.
„Инсистирам да постои дијалог меѓу Белград и Приштина. Од суштинско значење пред влезот на Србија во ЕУ е да постои еден правно-обврзувачки документ меѓу Белград и Приштина и тука е сè јасно“, изјави Тајани.
Тој додаде дека во име на Европскиот парламент го осудил убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, дека ЕУ бара сторителите да бидат пронајдени и дека интересите не можат да се бранат така што ќе се убиваат оние кои се борат за мир.
Тајани додаде дека Србија е Европа и историски и религиски и дека е добро што Србија на крајот на процесот станува дел од ЕУ, како и дека Србија е голема земја која има потенцијал да биде фактор на мирот и стабилноста на Балканот.
„Треба многу да се направи за правната држава, за уставните реформи, за печатот. Уверен сум дека Србија ќе стори сé што е потребно, сè што другите земји работеа“, рече Тајани.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека со Тајани разговарал за поддршката на Европскиот парламент за проширување на ЕУ на Западен Балкан, за тоа што треба да направи Србија на европскиот пат, владеењето на правото стабилноста во регионот, Косово и убиството на лидерот на граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ.
„Високо го цениме фактот што Европскиот парламент, како високо законодавно тело што претставува повеќе од 400 милиони граѓани на Европа, ја препознава важноста на проширувањето на ЕУ во Западниот Балкан“ , рече Вучиќ.
Тој кажа дека со Тајани посебно разговарал за прашањето на Косово и односите меѓу Белград и Приштина.
„Она, каде што ни останува најтешкиот дел од работата, за кое разговаравме со Тајани, кој ја разбира тежината на српската позиција, е прашањето за Косово, прашање на односите меѓу Белград и Приштина. Тајани го зборуваше она што е вистинито. ЕУ очекува од нас легално обврзувачки документ со Приштина, по што би можеле да станеме дел од ЕУ“ , рече Вучиќ.
Тој додаде дека разговарале за убиството на Оливер Ивановиќ и дека Србија бара истрагата да биде посилна и да се пронајдат сторители.
Вучиќ додаде дека разговарале и за мирот и стабилноста на регионот и оцени дека се важни мировните пораки кои по состанокот ги испратија тој и бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ.
Вучиќ рече дека Србија за пет години за 47 отсто ја зголемила трговската размена со ЕУ, дека извозот е зголемен за 80 отсто и изнесува 9,2 милијарди евра.