Hasan Esen
12 Јули 2016•Ажурирај: 13 Јули 2016
БРИСЕЛ (АА) - Во Европскиот парламент беше отворена изложба на фотографии на кои се прикажани водачот на терористичката организација ПКК, Абдула Оџалан и членови на терористичката организација ПЈД, која е огранок на ПКК во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Домаќин на изложбата беше Јозеф Вајденхолцер, пратеникот на социјал-демократската група од Европскиот парламент, а фотографиите се дело на австриецот Томас Шмидингер.
Изложбата што ќе трае една недела, составена е од фотографии направени на северот од Сирија, на кои се прикажани терористите на ПЈД, ЈПГ и женскиот огранок на ПЈД. Под фотографиите, како информација, одредени места на северот од Сирија се дефинирани како „кантони".
На една од фотографиите, која е направена во 2013 година, се гледа постер со лидерот на ПКК, Абдулах Оџалан. Повторно на една од фотографиите од конгресот на ПЈД може да се забележи слика од лидерот на терористичката организација.
- „Не треба да се дозволи приказ на парталите на ПКК" -
Едно од барањата на Европскиот парламент (ЕП) за безвизниот режим со Турција е измена на Законот во борбата против тероризмот. ЕП претходно имаше закачено парчиња платно коишто ја претставуваа терористичката организација ЈПГ.
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу, при својата посета на Брисел, на 30 јуни, во врска со темата го рече следното:
„Во врска со тероризмот и слободата на изразување, потребно е да се стои подалеку од двојните стандарди. Доколку денеска Европскиот парламент не го дозволува приказот на парталите на ДАЕШ, тогаш не треба да го дозволи ниту приказот на парталите на ПКК. Како што не се дозволува ДАЕШ да криумчари дрога во Европа и да врши трговија со луѓе, не треба да се толерираат ниту ваквите активности на ПКК. За жал, и на полето на слободата на изразување можеме да ги забележиме двојните стандарди. Потребно е да сме јасни и принципиелни и на ова поле".
- Присуство на ПКК во Европа -
На 18 март, за време на средбата пред Самитот Турција – ЕУ во Белгија, Турција протестираше против дозволата терористичката организација ПКК да постави шатор зад зградата на Советот на ЕУ.
Белгија е една од земјите во Европа во која овие терористички организации имаат најголеми активности. Од земјите во кои живеат лидерите на организациите, емитуваат емисии на телевизискиот канал на ПКК. Операции против активностите на здруженијата што ги формирала терористичката организација ПКК, последен пат се преземени во 2010 година.
Терористичката организација ПКК спроведува свои активности во Белгија, а особено во Германија, Австрија, Данска, Франција, Холандија, Швајцарија и во Грција, но и во останатите земји од ЕУ. Иако овие терористички организации се на листата на ЕУ, не се преземаат никакви чекори против нив, што предизвикува реакции од страна на Турција.