Dzihat Aliju
21 Декември 2018•Ажурирај: 22 Декември 2018
СКОПЈЕ (АА) – Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА), која во Македонија работи од 2005 година, досега има реализирано над 900 проекти од области како што се образованието, здравството, инфраструктурата и заштитата на културното наследство, јавува Anadolu Agency (AA).
ТИКА ги продолжува своите напори за да се овозможи секое дете да се стекне со подеднакво образование, без оглед на расата, религијата или јазикот. ТИКА до денес обнови вкупно 38 основни, средни училишта и универзитети, од кои 24 се реновирани, а 14 изградени.
Училиштата во кои се одвива настава за околу 15 илјади ученици станаа елитни образовни институции во регионите каде што се наоѓаат.
ТИКА, исто така, придонесе за зајакнување на физичките и инфраструктурата на информатичките технологии на институциите, за зголемување на нивната продуктивност преку олеснување на пристапот до јавните услуги.
ТИКА организира и програми за обука за градење капацитети на персоналот кој работи во јавните институции. Со цел да се намалат тешкотиите на граѓаните во пристапот до здравствените услуги, ТИКА, покрај реновирањето болници и здравствени центри, донираше и опрема која се состои од медицински уреди, помагала и болнички мебел.
Исто така, за намалување на смртноста кај новороденчињата во Македонија, ТИКА обезбеди обновување на здравствените центри и опремување со модерна медицинска опрема. ТИКА го реновираше и опреми Одделот за хигиена и претстерилизација во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во главниот град Скопје.
- Поддршка за развој на земјоделството
Во рамките на своите активности во Македонија, ТИКА развива и имплементира проекти за заживување на економијата и за промоција и проширување на портфолиото од производи. ТИКА во источна Македонија ги спроведе проектите за развој на производството на зеленчук во стаклена градина, за развој на пчеларството, за квалитетот на оризот и развој на производството, и за развој на овоштарството.
ТИКА особено во источна Македонија, каде што преовладуваат тешки економски услови, со проектите во земјоделските и животинските производствени сектори придонесува за заживување на економијата и индиректно придонесува за руралниот развој. ТИКА во соработка со невладините организации во земјата спроведе социјални и културни активности кои придонесуваат за воспоставување мировна зона на Балканот и зачувување на културните вредности.
- Се обновува заедничкото историско и културно наследство во Македонија
ТИКА, за да придонесе за зачувување на заедничкото историско наследство и развој на македонскиот културен туризам во земјата, започна со реставрација на историското наследство и на многу џамии. Во селото Коџаџик, кое се наоѓа во Општината Центар Жупа, во западниот дел на земјата, го релизираше проектот Спомен-куќа музеј на Али Риза Ефенди, таткото на Мустафа Кемал Ататурк.
ТИКА, исто така, ја обнови и Воената гимназија во Битола, каде што се школувал Ататурк помеѓу 1896-1899 година.
ТИКА завршувајќи ги реставрационите проекти на џамијата Исак Челеби во Битола, Хусеин-шах џамијата во Скопје, Мустафа-пашината џамија во Скопје, и џамијата Махмуд-ага во Радање ја подари на културното наследство.
Реставрацијата на скопските џамии Султан Мурад и Алаџа продолжува.
- Придонес за развој на турскиот јазик
Од друга страна, ТИКА во Македонија ги поддржува проектите кои придонесуваат за развојот на турскиот јазик.
ТИКА, исто така, го поддржува прославувањето на Денот на образованието на турски јазик – 21 Декември, во организација на Сојузот на турските невладини организации (МАТУСИТЕБ), кој е чадор организација на повеќе од 50 турски невладини здруженија. Прославата се одржува од 2008 година.