Zülfiya Yakup
17 Февруари 2018•Ажурирај: 18 Февруари 2018
ПРИШТИНА (АА) - На почетокот на свечената седница по повод 10-годишнината од независноста на Косово, Владата на Косово едногласно ја усвои Заедничката декларација на претседателите на Косово и Црна Гора, како анекс на договорот за државната граница меѓу Косово и Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, рече дека косовскиот претседател Хашим Тачи ја информирал Владата за неговата Заедничка декларација со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ за преиспитување и корекција на договорот за демаркација со Црна Гора во насока на Чакор и Куле.
„Верувам дека оваа Заедничка декларација, како анекс на претходниот договор, создаде околности и можности за целосно почитување на косовското право на територијата, и врз основа на тоа, беа создадени околности за обединување на Косовското собрание и да се изгласа договор за демаркација со Црна Гора“ , рече Харадинај.
Тој додаде дека овој договор има важен елемент, а тоа е политичката волја на институциите на Косово и Црна Гора за повторното испитување и корекција да бидат суштински и да се почитуваат правата засновани на наодите на работните групи, во овој случај на новата Државна комисија за Косово и формирањето на заедничка работна група на две земји .
Харадинај по седницата на Владата, одговарајќи на прашањата на новинарите, потсети дека владејачката коалиција има 61 глас и дека може да се случи утре на вонредната седница на Собранието да нема потреба од двотретинско мнозинство гласови од пратениците потребни за ратификација на меѓународниот договор, односно 80 гласови, па седницата ќе мора да се одложи за следната недела.
Седницата на Владата започна со едноминутно молчење за сите оние кои ги загубија своите животи за слободно и независно Косово.
Харадинај во својот говор истакна дека Косово гради модерно, етничко, културно и лингвистички разновидно општество во кое сите живеат заедно.
„Држава која гради мир и општество на сите оние кои слободно се движат со своите свети пријатели со вечното пријателство со САД и со Западот, но отворена за сите нации кои ја признаваат и почитуваат“, рече Харадинај.
Тој нагласи дека 10-годишната независност и 19-годишната слобода значат крај на ужасниот конфликт кој однесе многу животи и почеток на нов живот.
Косово на оваа годишнина, додаде премиерот на Косово, постигна голем напредок, но сé уште има многу предизвици пред Косово.
„Свесни сме дека сé уште не ги исполнивме целосно очекувањата на граѓаните за една модерна држава, но ние сме на иреверзибилен пат за да го постигнеме тоа со нашите партнери“, рече тој.
Тој вети дека во втората деценија Косово ќе постигне економски развој, што значи отворање нови работни места за сите оние кои сакаат да работат и перспектива и достоинство за сите.