??????? ??????
17 Ноември 2015•Ажурирај: 17 Ноември 2015
ПРИШТИНА (АА) – Нападите во Париз покажаа дека светот се соочува со војна против човечноста, Даеш не бира, убива и муслимани бидејќи такви нехумани групи не почитуваат ниту еден закон, рече денес во Приштина јорданскиот крал Абдула II, ибн Хусеин, јавува Anadolu Agency (AA).
Со свечена церемонија пред Собранието на Косово во Приштина, дочекан е јорданскиот крал Абдула II, ибн Хусеин, кој пристигна во официјална посета на Косово на повик од претседателката на Косово, Атифете Јахјага.
Следеше состанок на косовската претседателка со јорданскиот крал и нивно обраќање кон медиумите. Кралот Абдула II изрази задоволство со повторната посета на Косово и неговиот постигнат видлив напредок.
Тој рече дека Косово „игра значајна улога за стабилноста на овој регион“ и вети дека неговата земја, како и многу други во светот, ќе продолжат да го поддржуваат Косово во неговите напори за обезбедување подобра иднина на својот народ.
„Можете секогаш да сметате на моја поддршка и поддршката од мојата земја."
Косово е европска земја со мнозинство муслиманско население, во време кога и Европа и исламот се под удар на терористите а Косово одржува најдобри вредности на толеранција и соживот“, рече кралот Абдула II.
Јорданскиот крал истакна дека ужасните напади во Париз минатата недела покажуваат дека терористичките напади на Даеш и слични групи може да се случат било каде и било кога, и дека мора што поскоро да се реагира против таквите групи. „Тоа се незаконити, нехумани групи кои не почитуваат ниту еден закон.
И реков на претседателката дека сме соочени со трета светска војна против човечноста и тоа е она што сите не врзува. За жал, над стотина илјади муслимани се убиени од страна на Даеш во последните две години.
Поради тоа мораме да реагираме брзо како би одговориле на овие закани, било да станува збор за овој регион или за Африка и Азија“, порача кралот Абдула II.
Тој истакна дека Косово го гледа како партнер, кој пружи многу добар одговор на екстремизмот.
Претседателката Јахјага рече дека е ужасната од бруталните напади во Париз и жали поради губитокот на голем број невини човечки животи.
Таа истакна дека Косово нема да биде засолниште ниту транзитен пат за овие елементи, и дека ќе се продолжи со соработка со меѓународните безбедносни организацији и партнери за решавање на ова прашање. К
осовската претседателка на крајот рече дека Косово е на вистинската страна од историјата и дека ќе ги чува вредностите стекнати со многу труд.