Vesna Besiç
08 Март 2017•Ажурирај: 09 Март 2017
САРАЕВО (AA) - На самитот на премиерите на Западен Балкан кој ќе биде одржан наредната седмица во Сараево ќе присуствува комесарот на ЕУ за соседна политика и проширување Јоханес Хан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина ќе биде домаќин на овој самитот на премиерите на Западен Балкан чија цел е приближување на земјите на Западен Балкан кон ЕУ и разговор за регионалните проекти кои се однесуваат на транспортната и енергетската инфраструктура и соработка во областите на младите и образование.
Присуството на Самитот во Сараево го потврдија премиерите на Македонија, Србија, Црна Гора и Косово. На самитот ќе присуствува и претставникот на Владата на Република Италија, земјата домаќин на Самитот на земјите од Западен Балкан кој ќе биде одржан во Трст во јули оваа година.