Stipe Majic
17 Март 2020•Ажурирај: 17 Март 2020
ЗАГРЕБ (AA) – Стожерот на цивилната заштита на Република Хрватска соопшти дека денес има девет нови случаи на заболувања со коронавирусот, со што бројот на заразени порасна на 65, а четири случаи веќе се излекувани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство на Република Хрватска, Вили Берош, на редовната прес-конференција на Стожерот на цивилната заштита на Република Хрватска рече дека има девет нови детектирани случаи со коронавирусот, со што вкупната бројка на заболени во Хрватска изнесува 65 случаи.
„Четири случаи од порано се излекувани и отпуштени на домашно лекување, спроведени се 1.014 тестирања, од кои некои се сè уште во тек, а 630 контакти моментално се под надзор.“
„Епидемиолошката слика во дадените околности и понатаму е многу добра“, оцени Берош и додаде дека со оглед на карактеристиките на епидемијата бројот на заболени во Хрватска може да расте.
Берош ги повтори препораките на претседателот на СЗО, кој детектираше три основни елементи што се иницијатори за лоша епидемилошка слика во одредени земји, а тоа се: недоволен број тестирани, недоволна грижа за изолации и недоволно следење на контактите.
„Иако формиравме поголем број центри за тестирање, не ги активиравме, бидејќи струката многу јасно вели кој треба да се тестира“, рече Берош.
Посебно предупреди на потребата за грижа за повозрасните лица и за хронично болните.
Степенот на подготвеност на здравствениот систем? здравствената состојба во Хрватска е подигнат на повисоко, трето ниво.