Vesna Besiç
09 Декември 2019•Ажурирај: 10 Декември 2019
САРАЕВО (AA) - Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска (МВЕП) одлучи амбасадорот на оваа земја во Шведска да не учествува на утрешната церемонија на доделувањето на Нобеловата награда во Стокхолм,пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска одлучи амбасадорот на Хрватска да не учествува на утрешната церемонија на доделувањето на Нобеловата награда во Стокхолм поради доделувањето на наградата на личност политички ангажирана во давање поддршка на великосрпската политика на Слободан Милошевиќ во 90-тите години од минатиот век", напишано е на официјалниот профил на хрватското Министерство за надворешни работи на социјалната мрежа Твитер.
Покрај Хрватска, Косово, Албанија и Турција исто така нема да присуствуваат на церемонијата на доделувањето на Нобеловата награда во Стокхолм поради контроверзниот овогодишен добитник на Нобеловата награда за книжевност, Петер Хандке.
Овогодишниот добитник на Нобеловата награда за книжевност, австрискиот книжевник Петер Хандке, познат е по контроверзните ставови за случувањата на овие простори, односно по тоа што го негираше геноцидот во Сребреница и се залагаше за одбрана на Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија и Сојузна Република Југославија и обвинет од Хаг за воени злосторства.
Доделувањето на Нобеловата награда на Хандке, во Косово и во регионот предизвика бројни негативни реакции, а одржан е и протест пред Амбасадата на Шведска во Приштина.
Голем протест против Шведската академија најавен е за 10 декември во Стокхолм, кога на добитниците ќе им биде врачена Нобеловата награда.