Ilgın Karlıdağ
08 Јануари 2016•Ажурирај: 09 Јануари 2016
БРИСЕЛ (AA) - Норвешкиот авион кој превезува пошта се урна во петокот наутро во северна Шведска по што пилотот побара помош при управување со леталото, јавува Anadolu Agency (AA).
Според норвешките власти, авионот од типот "Canadair CRJ 200" кој леташе од Осло кон северниот норвешки град Тромсо, исчезна од радарот по што удри во планините на северот на Шведска.
Од авиокомпанијата "West Atlantic" е соопштено дека со леталото управуваа двајца искусни пилоти, од Шпанија и Франција. Двајцата имаа повеќе од 3.000 саати летање.
Според шведските медиуми, екипите на шведските планински служби за спасување се обидуваат да дојдат до местото на несреќата, но планинските терени и лошото време дополнително ја отежнуваат потрагата.