Stipe Mayiç
23 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
ЗАГРЕБ (АА) - Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, се состана денес во Бански двори со претседателот на Хрватскиот национален совет во Република Србија, Славен Бачиќ, и претседателот на Демократскиот сојуз на Хрвати во Војводина и преставникот во Народното собрание на Република Србија, Томислав Жигманов, јавува Anadolu Agency (AA).
Пленковиќ со претставниците на хрватското малцинство разговараше за нивната позиција и статус во Србија.
Позитивно е оценено дека, по повеќегодишна пауза, на 30 и 31 јануари 2018 година, ќе се одржи Меѓувладин комбиниран одбор за следење на Договорот за заштита на малцинството во Србија, соопшти хрватската Влада.
Бачиќ и Жигман му се заблагодарија на премиерот Пленковиќ за поддршката и постојаниот контакт со највисоките претставници од Владата на Република Хрватска и го известија за проектите и програмите што ги спроведуваат со поддршка на Хрватска, која преку Средишната државна канцеларија за Хрвати надвор од Република Хрватска и со многубројни здруженија и организации обезбедува значајни средства за нивно дејствување.
Премиерот Андреј Пленковиќ, истакна дека позицијата на хрватското национално малцинство е важно прашање за Владата на Република Хрватска и изрази очекување дека Република Србија во потполна мера ќе ги исполни преземените меѓудржавни обврски.
Во соопштението се наведува дека премиерот Пленковиќ истакнал оти тоа се однесува на прашањата за политичка застапеност на Хрватите на сите нивоа, нивните културни права и образование и информирање за хрватскиот јазик и писмо.
На средбата покрај премиерот Пленковиќ присуствуваа и неговата заменичка и министерката за надворешни и европски работи, Марија Пејчиновиќ-Буриќ и државниот секретар на Централната државна канцеларија за Хрвати надвор од Република Хрватска, Звонко Милас.