Bojana Stojanovic
21 Март 2021•Ажурирај: 22 Март 2021
ЗАГРЕБ
Во последните 24 часа во Хрватска регистрирани се 834 случаи на зараза со коронавирус, а починаа 20 лица од последиците на заразеност со Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројката на активни случаи во Хрватска се зголеми на 6.922.
На болничко лекување се наоѓаат 982 пациенти, од кои 90 се ставени на респиратор.
Во последните 24 часа животот го загубија 20 лица.
Досега во оваа земја се регистрирани 257.639 лица заразени со коронавирус, од кои животот го загубија 5.773 лица.
Вкупната бројка на оздравени изнесува 244.944, од кои 809 се регистрирани во последните 24 часа.
Во самоизолација се наоѓаат 22.914 заразени.
Во Хрватска се тестирани вкупно 1.475.016 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 6.884 во последните 24 часа.