Stipe Majic
07 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
ЗАГРЕБ
Хрватска соопшти дека своите воени трупи ги повлече надвор од Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава на хрватското Министерство за одбрана се истакнува дека хрватските војници кои се наоѓаат во Ирак, како дел од мисијата на НАТО се повлечени од земјата и се пренесени во безбедна зона во Кувајт.
Според одлуката на НАТО, сите 14 хрватски војници во Багдад се пренесени во Кувајт, додека 7 војници, чиј мандат е завршен, што е можно поскоро ќе се вратат во својата земја.
Во изјавата, исто така стои: „Заедно со сојузниците внимателно ја следиме безбедносната состојба во регионот. Соодветните одлуки ќе ги донесеме во координација.“
НАТО соопшти дека привремено ги прекинало активностите на мисијата за обука во Ирак, по убиството на генералот Касим Сулејмани кој беше шеф на елитната единица „Кудс“ на Револуционерната гарда на Ирак.