Stipe Majic
04 Ноември 2022•Ажурирај: 07 Ноември 2022
ЗАГРЕБ (АА) - Со мнозинство гласови на владејачката коалиција во Хрватскиот сабор одбиен е предлогот на клубот на Социјалдемократите да се легализираат сите потенцијали на конопот (канабисот), со што би се легализирало одгледувањето на марихуана за сопствени потреби, известува Агенција Анадолија (АА).
Социјалдемократите предложија закон кој, според нив, би донел корист за различни гранки на стопанството и поттикнување на инвестиции во време на криза.
Владејачката ХДЗ се спротивстави на донесувањето на тој закон, истакнувајќи дека тоа е параван за легализација на марихуаната, што би довело до развој на наркотуризмот, истакнувајќи дека здравјето, особено на младата популација, е пред економските интереси.
Предлог-законот на Социјалдемократите, поддржан и од левоориентираните политички партии, би им овозможил на поединци да одгледуваат до девет стебла марихуана за сопствени потреби, а одгледувањето на растенија со високи примеси на THC (Tetrahidrokanabinol - психоактивна супстанција) би им бил овозможен под посебни услови и на семејните земјоделски стопанства.
„Пазарот на коноп (марихуана) се проценува на повеќе од 13 милијарди долари годишно, со тоа што само во Германија од таа индустрија се заработуваат над 5 милијарди евра“, нагласуваат Социјалдемократите.