Adel Ömeragiç
09 Јуни 2017•Ажурирај: 10 Јуни 2017
ПОДГОРИЦА (AA) - Со одлука на Владата на Црна Гора, укинат е надоместот за мајките на три и повеќе деца во Црна Гора, на кој имаа право 21.000 кориснички, јавува Anadolu Agency (AA).
Владата усвои посебен закон со кој е регулиран статусот на мајките на три или повеќе деца, корисници на надоместот што Уставниот суд неодамна го прогласи за неуставен и ќе го испрати на Собранието за усвојување тој документ.
Корисничките на надоместот кои ова право го остварија врз основа на евиденцијата на Бирото за вработување, повторно вратени ќе бидат на Бирото за вработување. Корисничките на надоместокот кои ова право го остварија откако замрзнаа пензиите, ќе бидат повторно вратени на користење на пенизиите, додека корисничките на надоместокот кои ја напуштиле работата за да го остварат ова право, ќе примаат надомест чијшто износ го утврди владата, сѐ до стекнувањето на услов за пензија.
Како што соопшти министерот за финансии, Дарко Радуновиќ, посебен закон го утврдува правниот статус на корисничките на правата на тие надоместоци и со тој закон се острануваат, како што соопшти, дискриминаторските последици и поправедно се распоредуваат парите од социјалните фондови.
Надоместоците за мајките на три и повеќе деца почнаа да се исплатуваат на 1. јануари 2016 година. Износот на надоместокот изнесуваше 336 евра за мајките кои имаа минимум 25 години работен стаж, односно 192 евра за мајките кои на Бирото за работа поминале минимум 15 години. Со одлука на Владата, надоместокот се намали на 264 евра, односно на 144 евра. Околу 21.000 жени беа корисници на овој надоместок.
Поради одлуката за намалување, а подоцна и укинување на надоместоцкот, корисничките на надоместокот протестираат од 16. февруари.