Samir Kajoševic
28 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора се регистрирани 12 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Институтот за јавно здавје на Црна Гора соопштија дека во таа земја моментално се активни 157 случаи на коронавирус.
„Од 438 анализирани примероци 12 беа позитивни на коронавирусот. Во Рожаје се откриени четири нови случаи, во Подгорица три, Будва и Цетиње по два и еден во Бар", рекоа од Институтот.
Се наведува и дека највеќе регистрирани случа моментално има во Рожаје, каде има 58 заразени, како и во Подгорица каде се регистрирани 34 случаи.