Samir Kajoševic
15 Јули 2020•Ажурирај: 16 Јули 2020
ПОДГОРИЦА (АА) - Во Црна Гора регистрирани се 78 нови случаи на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопштија дека повеќето нови случаи се регистрирани во Подгорица, каде имало 48 позитивни случаи на коронавирусот.
„Вкупниот број на потврдени смртни случаи од почетокот на јуни е 16, додека вкупниот број на оздравени порасна на 42. Повеќето од новите случаи се контакти на претходно регистрирани случаи“, наведуваат од Институтот.
Во Црна Гора од почетокот на јуни регистрирани се 1.522 заразени со коронавирусот, додека вкупно спроведени се 27.742 ПЦР-тестирања.