Mehmet Hatipoğlu
02 Август 2021•Ажурирај: 03 Август 2021
КОМОТИНИ
Во тек се акции за гаснење на пожарите што вчера избувнаа на грчките острови Родос и градот Софлу, недалеку од грчко-турската граница, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на грчките Противпожарни бригади се наведува дека пожарот што избувнал во Псинтос, во северниот дел на Родос, ѝ нанел значителна штета на природата, а огнот, потпомогнат од ветрот, се проширил и на Толос. Акциите за гаснење на пожарот, во кои учествуваа голем број пожарникари, се изведуваат од копно и од воздух.
Грчките медиуми информираат дека превентивно се евакуирани селото Псинтос и Долината на пеперутките.
На локалното население од неколку подрачја му е испратено предупредување да биде подготвено да ги напушти своите домови доколку биде потребно.
Во тек е и акцијата за гаснење на пожарите во Еврос.