Andelija Stojkovic
02 Август 2021•Ажурирај: 06 Август 2021
БЕЛГРАД
Во Србија во последните 24 часа од последици на заразата со коронавирус починаа 4 лица, додека во истиот период се детектирани 386 нови случаи на зараза од 9.275 тестирани примероци сомнителни на коронавирус, известува Агенција Анадолија (АА).
Во болниците од инфекција со коронавирус се лекуваат 452 лица, од кои 8 се на респиратор.
Од почетокот на епидемијата во Србија починаа 7.122 лица, а процентот на смртност изнесува 0,99 проценти.
Србија досега спроведе тестирање на 4.686.746 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои позитивни биле 722.607.