Dejan Maksimoviç
28 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
САРАЕВО (АА) - Жан Клод Јункер, претседателот на Европската комисија, во своето обраќање на втората заедничка седница на двата дома на Парламентарното собрание на БиХ, на која присуствуваа претставници од сите нивоа на власта на БиХ, истакнаа дека владеењето на правото е предуслов за пристапување во Европската унија, јавува Anadolu Agency (AA).
Јункер истакна дека е големо задоволство што денес ги добил одговорите на Босна и Херцеговина на прашалникот на Европската комисија, и порача дека БиХ сега преминува нова етапа на својот патот кон кандидатурата и пристапување кон ЕУ.
„Би сакал да кажам до кој степен сум поврзан со европската перспектива на БиХ. Европската комисија внимателно ќе ги проучи одговорите и ќе го подготви своето мислење во врска со пристапот на БиХ. Сакам да работите заедно со нас, така што кога ќе дојде време, Комисијата ќе ја препорача вашата кандидатура", рече Јункер.
Претседателот на ЕК рече дека станува збор за природен пат на БиХ, бидејќи таа е дел од Европа, европска територија, историја, култура.
„Вашата иднина е поврзана со Европската унија, и таа е заснована на европски вредности, а тоа е дека секоја држава треба да направи нешто. ЕУ е заедница на вредности и на тоа се темели целата идна интеграција во ЕУ. Овој ваш избор, го направи секоја членка на ЕУ", рече Јункер.
Потоа побара од политичките лидери да ги направат потребните реформи за да ги преминат сите фази на пристапување.
„Вашите граѓани го бараат тоа. Тоа бара исто така да ги надминете поделбите, да зборувате во еден глас. Кога постојат разлики, тоа води кон парализа, закаснување, а тоа не е добро за вашите граѓани ", изјави претседателот на Европската комисија.
На крајот, Јункер ја истакна важноста на владеењето на правото во Европската унија и ги предупреди политичарите на БиХ дека е неопходно да се спроведат сите судски одлуки.
„Мирот е многу повеќе од крајот на непријателството, многу повеќе од потпишувањето на договор, тоа е секојдневна борба и за неа е потребна храброст за надминување на старите непријателства и проблеми од минатото. Во Европа решивме да се организираме со силата на правото што е поголема од силата на оружјето. Затоа можеме да живееме заедно. ЕУ не е држава и тоа не сака да стане, но владеењето на правото е обврска", рече Јункер.
Денеска беше одржан билатерален состанок на членовите на Претседателството на БиХ со Јункер, комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан и делегацијата.