Gökhan Ergöçün
09 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турската авиокомпанија „Turkish Airlines“ (Туркиш ерлајнс) за 9,3 отсто го зголеми бројот на патници во 2017 година, споредено со претходната, пренесува Anadolu Agency (AA).
Компанијата соопшти дека во периодот од јануари до декември минатата година се регистрирани рекордни 68,6 милиони патници.
Само во декември 2017 година биле превезени 5,5 милиони патници, што е за 21,4 отсто повеќе во однос на истиот месец 2016 година.
Пополнетоста на седиштата минатата година изнесуваше 79,1 отсто, што претставува зголемување од 4,7 отсто во споредба со 2016 година.
Приходите по патнички километар во декември 2017 година изнесуваа 11,2 милијарди долари, што е зголемување за 16,3 проценти во однос на декември 2016 година.
Во периодот од јануари до декември, приходите по патнички километар се зголемија за 7,9 проценти и изнесуваа 136, 9 милијарди долари.
Минатата година беа превезени над 1,1 милион тони, што е за 25,5 отсто повеќе отколку во 2016 година.
Како што истакнуваат од „Turkish Airlines“, компанијата лета на вкупно 300 светски дестинации.
Според анкетата на „Skytrax“ (Скајтракс), „Turkish Airlines“ е прогласена за најдобар авиопревозник во Европа од 2011 до 2016 година.