Ekip
07 Август 2020•Ажурирај: 08 Август 2020
БОГОТА
„Zynga“, глобалниот лидер во интерактивна забава, објави дека склучила договор за купување на турската компанија за креирање на мобилни игри „Rollic“, како дел од нејзините последни напори да ја зголеми својата публика и да го развие бизнисот за реклама, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Возбудени сме да ги прошириме нашите хиперсекојдневни (hyper-casual) игри со купувањето на „Rollic“, една од најбрзорастечките компании за игри, предводена од неверојатно креативен тим“, изјави главниот извршен директор на „Zynga“, Франк Гибо.
Компанијата откри дека за 168 милиони долари ќе се здобие со удел од 80 отсто во „Rollic“, само два месеци откако за 1,8 милијарда долари ја купи компанијата за мобилни игри „Peak“, креаторот на популарните игри „Toon Blast“ и „Toy Blast“. „Zynga“ ќе ги купи останатите 20 отсто од компанијата „Rollic“ во следните три години.
Откако е основана во декември 2018 година од Бурак Вардал, Дениз Басаран и Мехмет Џан Јавуз, компанијата за игри „Rollic“ привлече повеќе од 65 милиони месечни активни корисници и нејзините игри имаат повеќе од 250 милиони преземања.
Компанијата „Zynga“ во извештајот за заработки објави дека во нејзиниот втор квартал направила најголем приход во историјата на креатори на игри, стигнувајќи до 452 милиони долари.