Dilara Zengin Okay
21 Ноември 2025•Ажурирај: 21 Ноември 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Телекомуникациската компанија „Verizon“ објави дека ќе отпушти повеќе од 13.000 вработени, известува Анадолу.
Во писмото до вработените извршниот директор на „Verizon“, Ден Шулман, ја нагласил потребата од промена и развој за да се задоволат потребите на клиентите и да се зголеми лидерството на компанијата на пазарот.
Шулман навел дека моментната финансиска структура на компанијата го ограничува капацитетот за инвестирање во вредносната понуда што му се нуди на клиентот, истакнувајќи ја целта на компанија за препозиционирање за да може да се фокусира на обезбедувањето најдобра услуга за клиентите.
Шулман ја истакна потребата од поедноставување на работењето на компанијата и најави дека ќе почнат да отпуштаат повеќе од 13.000 вработени и во значителна мера ќе бидат намалени трошоците за аутсорсинг и други надворешни трошоци за работна сила.
Тој истакнал дека промените во технологијата и економијата влијаат врз работната сила во сите сектори.