Admir Fazlagic
09 Март 2017•Ажурирај: 10 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во четвртото тримесечје од 2016 година активното население во Република Македонија брои 950.255 лица, од кои 731.107 лица се вработени, а 219.148 лица се невработени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Податоците ги соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС) на Република Македонија, добиени од резултатите од Анкетата за работна сила во четвртото тримесејче од мината година.
Според наведеното, стапката на активност во овој период е 56,6 отсто, стапката на вработеност 43,5 отсто, додека стапката на невработеност е 23,1 отсто, информираат од ДЗС.
- Индексот на бројот на работниците во индустријата во јануари 2017 -
Исто така, според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, изнесува 100.4.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи пораст од 1.2 проценти, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.4 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.7 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0.6 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.4 проценти, Капитални производи за 5.5 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.3 проценти, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.2 проценти.