Ekipa
02 Август 2016•Ажурирај: 02 Август 2016
ПАРИЗ (АА) - Фредерик Гагеј, директорот на „Ер Франс“ вели дека компанијата изгубила околу 90 милиони евра за време на седумдневниот штрајк на кабинскиот персонал во кој се оштетени 180.000 патници, јавува Anadolu Agency (AA).
Гагеј во изјавата за едно француско радио вели дека штрајкот во сезоната на летни одмори имал многу негативно влијание на имиџиот на „Ер Франс“.
Компанијата планира денес, на последниот ден од штрајкот да ги изврши сите планирани летови на таканаречените долги дестинации. Околу десет отсто од домашните и 15 отсто од европските летови од парискиот аеродром „Шарл де Гол“ се откажани.
Кабинскиот персонал на „Ер Франс“ протестира против намалувањето на бројот на вработени и против лошите услови за работа.