Alaattin Doğru
19 Јануари 2022•Ажурирај: 21 Јануари 2022
АНКАРА (АА) - Европскиот произведувач на авиони „Ербас“ најави дека во 2022 година ќе вработи 6.000 луѓе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од компанијата „Ербас“ е соопштено дека влегле во период на закрепнување по тешката ситуација предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
Во соопштението се наведува дека компанијата годинава ќе вработи 6.000 луѓе.
Се наведува дека се бараат нови таленти во областа на дигиталната трансформација и сајбер технологиите.
Пред пандемијата на Ковид-19, „Ербас“ нарача 768 авиони во 2019 година, 268 авиони во 2020 година и 507 авиони минатата година.