Beyza Binnur Dönmez
07 Април 2026•Ажурирај: 07 Април 2026
Цената на дизелот во Белгија најверојатно утре ќе достигне нов рекорден максимум од 2,48 евра (2,88 долари) по литар, објави дневниот весник „Ле Соир“, пренесува Анадолу.
Зголемувањето претставува остар скок од над 16 центи, со што цената на дизелот се приближува до прагот од 2,50 евра, пренесува весникот, повикувајќи се на Министерството за економија.
Исто така, ќе има зголемување и на цената на бензинот, иако поумерено. Цената на 95-октанското гориво (E10) ќе се зголеми за 4,4 центи и ќе изнесува 1,94 евра по литар.
Според весникот, цени на ова ниво последен пат се забележани на средината на ноември 2022 година.
И 98-октанскиот бензин (E5) ќе надмине 2 евра со порастот од 4,3 центи, достигнувајќи цена од 2,02 евра по литар.
Според соопштението на Mинистерството, промените на цените ја одразуваат нестабилноста на пазарот на енергенти во eкот на војната на Блискиот Исток.