Gökhan Ergöçün
07 Април 2026•Ажурирај: 07 Април 2026
Цените на нафтата забележаа пораст во пресрет на истекувањето на крајниот рок поставен од американскиот претседател Доналд Трамп, до кога Иран треба да ги прифати барањата на САД и да постигне договор за прекин на огнот, јавува Анадолу.
Според податоците од 6:30 часот по Гринич, фјучерсите на нафтата „Брент“ пораснаа за 1,5 % на околу 111,4 долари за барел, додека цената на американската сурова нафта од типот Западен Тексас Интермедијар (WTI) се зголеми за 2,7 %, достигнувајќи 115,3 долари.
Трамп изјави дека доколку не се постигне прекин на огнот до наведениот рок, американските сили ќе започнат со масовни напади врз цивилни цели во Иран.
Американскиот претседател вчера тврдеше дека американските сили би можеле да ја „елиминираат“ целата иранска нација за само една ноќ.
„Целата земја би можела да биде збришана во една ноќ, а таа ноќ би можела да биде утревечер [денес]“, изјави Трамп пред новинарите.
Тој, исто така, го повтори своето предупредување до Иран, нагласувајќи дека доколку не се постигне договор до вечерва во 20:00 часот по Гринич, секој мост и секоја електрана во Иран ќе бидат „десеткувани“.
Паралелно со ова, израелската Армија ги предупреди граѓаните на Иран денес да избегнуваат користење возови низ целата земја и да се држат подалеку од областите во близина на железничките пруги.