Tuba Onğun
01 Февруари 2022•Ажурирај: 02 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Банкарскиот сектор на Турција регистрира нето-профит од 92,1 милијарда турски лири (7 милијарди долари) во декември 2021 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупниот имот на секторот стигна до 9,2 билиони турски лири (697,5 милијарди долари) на крајот на минатата година, за 50,9 отсто повеќе од 2020 година“, се наведува во извештајот на Агенцијата за регулирање и супервизија на банкарството (БРСА) објавен денеска.
Кредитите, најголемата супкатегорија на средства, изнесуваа околу 4,9 билиони турски лири (370,9 милијарди долари), што бележи пораст од 37 проценти на годишно ниво.
Кога станува збор за долговите, депозитите кај заемодавачите во Турција изнесуваат над 5,3 билиони турски лири (401,6 милијарди долари), што е за 53,5 проценти повеќе од пред една година.
Во однос на минималните капитални барања на заемодавачите, соодносот на регулаторниот коефициент на адекватност на капиталот во банкарскиот сектор, изнесуваше 18,34 отсто на крајот на декември 2021 година, што е пад од 18, 74 отсто во однос на декември 2020 година.
Соодносот на нефункционалните кредити со вкупните готовински кредити, колку пониски толку подобро, изнесуваше 3,15 проценти наспроти 4,08 проценти во истиот период претходната година.
Заклучно со крајот на 2021 година, во Турција работеа вкупно 53 државни/приватни/странски заемодавачи, вклучувајќи депозитни банки, банки со учество, развојни и инвестициски банки.
Секторот имаше 202.136 вработени кои опслучуваа преку 11.098 филијали во Турција и во странство со 48.898 банкомати.