Ekip
24 Август 2022•Ажурирај: 26 Август 2022
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија во јуни не увезе гориво од Русија, што е за првпат во историјата, објави денеска Канцеларијата за национална статистика (ONS), јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупниот увоз на стока во Велика Британија од Русија, исто така, падна на 33 милиони фунти (39 милиони долари) во јуни, што е најниско ниво од почетокот на евиденцијата на ОНС во 1997 година.
Велика Британија, која е меѓу низата земји кои ја санкционираа Москва поради војната во Украина, вети дека постепено ќе го укинува увозот на руска нафта до крајот на годината.
Претходно во текот на денот, министерот за одбрана, Џејмс Хепи, предупреди дека би било „катастрофално“ да се обноват односите со Русија, што според него е „веројатно наједноставното решение за кризата со трошоците за живот“.
„Тоа ќе влијае на безбедноста на Британија во рок од само неколку години“, рече тој.
„Сите работи што ги видов во последните шест месеци ми кажуваат дека тоа би било катастрофално за безбедноста на евроатлантскиот простор“, рече Хепи.
„За само неколку години, поради охрабрената Русија би биле се соочиле со предизвици 100 пати полоши од она што го гледаме сега, затоа што таа би можела да бара да ги прошири своите амбиции надвор од Украина и на територијата на НАТО, на пример на Балтикот“, предупреди британскиот министер за одбрана.