Sibel Morrow
25 Август 2022•Ажурирај: 30 Август 2022
МОСКВА (АА) - Производството на руска нафта во периодот јануари - јули оваа година се зголеми на 309 милиони тони, што е за 3,3 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците објавени вчера од руското Министерство за економски развој и Федералната државна служба за статистика (Росстат), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Производството на нафта во земјата достигна 45,5 милиони тони во јули, што претставува зголемување од 3,8 отсто во споредба со производството во истиот месец минатата година.
Во услови на проширување на санкциите од страна на САД и земјите од Европската Унија за руските производи, неколку земји го запреа или намалија обемот на увоз од Русија, што ја натера Москва да се сврти кон азиските земји и алтернативните пазари.
Во извештајот на Централната банка на Русија објавен на 26 јули, Кина и Индија, особено, го зголемија увозот од Русија за да ги искористат пониските цени на нафтата и нафтените деривати, што влијаеше на големото зголемување на руското производство на нафта.
Русија, еден од најголемите производители на нафта во светот, лани произведе 536 милиони тони нафта.