Betül Yürük
21 Јануари 2022•Ажурирај: 24 Јануари 2022
ЊУЈОРК (АА) - Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, соопшти дека првата плата ќе ја добие во криптовалутите биткоин и етереум, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тој на овој начин уште еднаш ја покажа личната поддршка и желба од Њујорк да направи центар за криптопари.
„Њујорк е центар на светот и сакаме овој град да биде центар на криптовалути и други финансиски иновации“, изјави Адамс.
Откако неодамна беше избран за градоначалник на Њујорк, Адамс препорача криптовалутите и блокчејн-технологијата да се проучуваат во училиштата.
За статусот криптопрестолнина во САД се води жестока борба меѓу Њујорк и Мајами.