АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, рече дека верува дека економијата на земјата ќе ја заврши 2021 година со показатели кои се и подобри од предвидените, јавува Агенција Анадолија (AA).
Ердоган во обраќањето на свеченото отворање на 26 нови фабрики и постројки во индустриската зона во Анкара, рече дека властите, и покрај сите потешкотии, меѓу кои и пандемијата, пожарите и поплавите, продолжуваат да вложуваат напори за подобрување на благосостојбата.
Истакна дека се вложуваат особени напори кога станува збор за инвестициите, вработувањето, производството и извозот.
Како што нагласи, покрај отворањето на 26 нови фабрики, отворена е и џамија со капацитет од 2.500 верници, пречистителна станица, тест центар, лабораторија за анализа на животната средина и енергетски водови.
Ердоган укажа на заедничката карактеристика на отворените постројки.
„Сите овие фабрики ги финишираа инвестициите во време на пандемијата и започнаа со работа. Додека во целиот свет трае неизвесноста, доаѓа до доцнење во синџирите на испорака, во многу земји трговијата речиси е запрена, турскиот деловен свет ги забрза активностите“, рече Ердоган.
Тој им се заблагодари на сите претприемачи за укажаната доверба. Додаде дека новите производствени погони не се само показател за силата и потенцијалот на земјата, туку и најдобар одговор на оние кои повикаа на песимизам.
Истакна дека Турција секојдневно го зголемува својот успех на полето на економијата, производството, земјоделството и трговијата.
Ердоган рече дека со отворањето на фабриките за кои се издвоени 1,6 милијарди лири (околу 160,18 милиони евра) во време на пандемија се отворени 1.670 работни места.
Тој додаде дека со поддршката во предизвикувачки времиња, покажаа дека се секогаш со инвеститорите и дека повеќето од производствените единици отворени денес ги искористиле можностите и поддршката од стимулациите што ги има дадено државата.
Пружена е и поддршка кога станува збор за инфраструктурата, пречистителните станици, секторот на услуги, електричните и гасни инсталации и голем број други можности за компаниите да можат да се фокусираат на работата, производството и развојот на нови проекти.
„Оваа зона, која пред 16 години беше неплодна површина, благодарение на чекорите што ги преземавме, стана пример за производствен центар кој се простира на околу 11 милиони квадратни метри и се состои од 111 компании на едно место“, рече Ердоган.
Како што истакна, станува збор за фабрики што ќе произведуваат во секторите на одбранбената индустрија, автомобилската индустрија, електрониката, здравствството, енергетиката…
Турскиот претседател се осврна на успесите што Турција ги постигна кога се во прашање економијата, политиката, демократијата и дипломатијата.
„Во 2020 година, кога светската економија се намали за три отсто, глобалната трговија се намали за близу десет отсто, ние остваривме раст од 1,8 отсто. Со тоа го заземавме второто место меѓу земјите од Г20. Во првиот квартал од 2021 година остваривме раст од седум отсто. Се надевам дека и вториот квартал ќе го затвориме со значителен раст. Особено добри вести пристигнуваат од индустриското производство“, рече Ердоган.
Додаде дека во тој сектор до јуни на квартална основа остварен е раст за 41 отсто, а за 24 отсто на годишно ниво.
Турскиот претседател се осврна и на рекордот во првата половина од годината кога станува збор за извозот.
Како што рече, извозот во јули е зголемен за 10 отсто и изнесува 16,4 милијарди долари.
Извозот во периодот јануари-јули, во однос на истиот период минатата година, е зголемен за 35 отсто и изнесува 121,4 милијарди долари, додека односот извоз-увоз во периодот јануари-јули е зголемен за 5,6 поени во однос на минатата година и изнесува 82,7 отсто.
Додаде дека овие бројки ја покажуваат трансформацијата на економијата, која расте секој ден.
„На оваа промена, од аспект на иднината на нашата земја, придаваме важност најмалку колку и на успесите остварени на полето на одбранбената индустрија. Турција не само што ги крши оковите што ѝ се ставени на нозе, туку и се издигнува во нов ранг во светот кога се во прашање производството и извозот“, рече Ердоган.
На отворањето нагласи дека верува дека економијата на Турција ќе ја заврши 2021 година со показатели кои се подобри од предвидените.
news_share_descriptionsubscription_contact
