Ekipa
05 Јули 2017•Ажурирај: 06 Јули 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија и Јапонија постигнаа начелен договор за слободна трговија којшто ќе влијае на повеќето трговски размени меѓу двете гигантски економии, а овој договор утре официјално ќе го потврдат двајцата лидери, јавува Anadolu Agency (AA).
Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет и јапонскиот премиер Шинзо Абе ќе се состанат утре и ќе можат да се ракуваат за важниот трговски договор, за којшто преговорите траеја четири години.
Висок официјален претставник на ЕУ, кој зборуваше под услов да остане анонимен, изјави дека врвните преговарачи постигнале начелен договор. Тој додаде дека се уверени оти утре ќе можат да им предложат на своите лидери да го потврдат тој договор како следен чекор.