Ata Ufuk Şeker
02 Јуни 2021•Ажурирај: 03 Јуни 2021
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) соопшти дека фискалните правила на Блокот, кои ја ограничуваат јавната потрошувачка на земјите членки, поради пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) нема да се применуваат сѐ до 2023 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Европската комисија објави истражување под називот „Европски пролетен пакет“, кој вклучува и препораки за економските политики на земјите членки.
Во истражувањето се потсетува дека на почетокот на пандемијата минатата година фискалните правила на ЕУ, кои ја ограничуваа прекумерната јавна потрошувачка на земјите членки, е привремено суспендирана.
Во истражувањето е наведено дека ваквата одлука им помогнала на земјите членки да преземат побрзи мерки за намалување на економското и социјалното влијание на Ковид-19. Понатаму се наведува дека економската активност во ЕУ сѐ уште не го достигнала нивото од пред кризата.
Во истражувањето исто така е истакнато дека одлуката за суспензија на фискалните правила кои ја ограничуваат јавната потрошувачка на земјите членки исто така ќе се применува во 2022 година, а се очекува дека ќе биде укината во 2023 година.
Како што стои во истражувањето, потребно е да се продолжи со поттикнувањето на мерките на фискална политика во текот на 2021 и 2022 година и да се ограничат ефектите на пандемијата на економијата, и уште се додава дека земјите членки можат да спроведуваат политика на фискална одржливост кога ќе се стекнат условите за тоа.
Според правилата на ЕУ, во нормални услови буџетскиот дефицит на земјите членки не би требало да надминува 3 отсто од нивниот бруто-домашен производ (БДП), а јавниот долг не би требало да надминува 60 отсто од БДП.