Gökhan Ergöçün
29 Ноември 2022•Ажурирај: 30 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Расходите на Европската Унија (ЕУ) за истражување и развој во 2021 година изнесуваа вкупно 328 милијарди евра, што е за 6 отсто повеќе на годишна основа, објави Евростат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Евростат се вели дека уделот за истражување и развој во вкупниот бруто-домашен производ на Унијата минатата година беше 2,27 отсто, што е намалување од 2,31 отсто во 2020 година.
„Истражувањето и развојот се главен двигател на иновациите, а расходите и интензитетот за истражување и развој се два од клучните индикатори што се користат за следење на ресурсите посветени на науката и технологијата низ светот“, се наведува во ова соопштение.