Amina Zorniç
29 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
КАРАКАС (AA) - Граѓаните на Венецуела во маркетите одат со кеси полни со пари, со оглед на тоа што поради високата инфлација, трговците ги мерат банкнотите на вага наместо да ги бројат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британскиот весник „Индепендент“ објави дека инфлацијата во Венецуела оваа година достигна 720 отсто. Банкнотата со најмногу апоени на венецуелската валута боливар вреди само пет американски центи на црниот пазар. Бидејќи дека вредноста на боливарот во Венецуела е мошне ниска, во рестораните и маркетите граѓаните плаќаат со пари, но според грамажа, односно во килограми.
Економијата на Венецуела со популација од 30 милиони значително е разнишана од 2014 година, кога падна глобалната цена на нафтата. Нафтата чини 95 отсто од извозот, а приходите од нафтата пополнуваат половина од државниот буџет.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, кој на чело на земјата дојде по смртта на Хуго Чавез, наместо контрола, нареди да се фиксира тогашниот курс, а на банките им нареди да печатат колку што е можно поголема количина на пари.
На улиците на главниот град Каракас во изминатите денови сѐ поатрактивен станува „бизнисот“ на набавување американски долари што ќе се продадат за боливари.
Просечната кутија цигари од 250 боливари сега се продава за 2.000 боливари, односно 20 банкноти од по 50 апоени. Банкоматите, од друга страна, се полнат со пари на секои три часа.
Додека критичарите велат дека економијата на Венецуела ја упропасти 17-годишното владеење на социјалистичките партии, Мадуро ја обвинува опозицијата, бизнисмените и Соединетите Американски Држави дека водат економска војна против него.