Ebru Şengül Cevrioğlu
19 Ноември 2020•Ажурирај: 19 Ноември 2020
ИЗМИР (АА) - Казахстанскиот министер за економија, Руслан Даленов, денес изјави дека Казахстан ќе произведе 86 милиони нафта наредната година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи во казахстанскиот Сенат во врска со проекциите за социоекономскиот развој на земјата во периодот меѓу 2021 и 2025 година, казахстанскиот министер изјави дека овој производствен волумен се очекува да достигне 100,7 милиони до 2025 година.
„Очекуваме позитивен раст во главните сектори на економијата. Секторот на производство рапидно ќе се зголемува со раст од 6,7%. Ќе се забележи годишен раст од 6,2 отсто во земјоделството и 5,5 отсто во трговијата“, додаде Даленов.
Тој истакна дека извозот во 2021 година се предвидува да изнесува околу 41,4 милијарди долари, додека во 2025 година се очекува да достигне 51,5 милијарди долари.
„Во меѓувреме, увозниот сектор ќе достигне раст од 37,8 милијарди долари во наредните пет години, од сегашните 36,3 милијарди долари“, рече Даленов, додавајќи дека бруто домашниот производ на Казахстан ќе бележи пораст од 4 отсто во истиот период, додека оваа бројка се предвидува да достигне 4,6 отсто во 2025 година.