Aysu Biçer
19 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Централната банка на Турција ја зголеми неделната репо каматна стапка - за 475 основни поени, односно од 10,25 на 15 отсто, јавува Агенција Анадолија (AA).
Како што соопшти Централната банка на Турција, воспоставувањето опкружување со ниска инфлација носи позитивен ефект врз макроекономската и финансиската стабилност.
„Централната банка ќе ја постигне својата главна цел со примена на принципите на транспарентност, предвидливост и одговорност, со цел стабилизација на цената за намалување на стапката на инфлација“, истакнаа од Централната банка на Турција.
Финансиската институција исто така соопшти и дека планира да го задржи цврстиот монетарен став сè додека не се постигне траен пад на инфлацијата, а мерките во монетарната политика се заострени со цел контрола на стапката на инфлација.
„Мерките на ограничување преземени поради растот на бројот на заразени ја зголемуваат неизвесноста за краткорочните економски активности“, наведено е од Централната банка во врска со околностите што ги предизвика пандемијата на коронавирусот.
Како што е истакнато, Централната банка ќе ја постигне својата главна цел преку транспарентност и одговорност, следи стабилизирање на цените и намалување на инфлацијата.