Tolga Albay
02 Август 2019•Ажурирај: 03 Август 2019
ИЗМИР (АА) - Министерката за трговија на Република Турција, Рухсар Пекџан, денес изјави дека турската покриеност на увозот со извоз во првите седум месеци од оваа година изнесува 85,8 отсто, јавува Anadolu agency (AA).
Пекџан престојува во западниот турски град Измир, и во таа прилика се осврна на последните показатели во турската трговија.
„Во првите седум месеци од оваа година имавме покриеност на увозот со извоз од 85,8 отсто. Тој процент за истиот период минатата година изнесуваше 67,7 отсто“, рече Пекџан.
Таа ги сподели податоците и кога станува збор само за извозот на Република Турција, во кој, како што наведува, остварен е рекорд.
„Седуммесечниот извоз е зголемен за 3,07 отсто. Изнесува 104,2 милијарди долари и тоа е нашиот најголем седуммесечен износ на извозот“, истакна Пекџан.