Burak Bir
24 Ноември 2022•Ажурирај: 25 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Над 70.000 универзитетски работници го започнаа најголемиот штрајк во Велика Британија за плати и пензии, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Професори, библиотекари и истражувачи од 150 универзитети учествуваат на тридневниот штрајк кој ќе се одржи на 24., 25. и 30 ноември, на кој се приклучуваат и професори од Шкотска.
Се очекува до 2,5 милиони студенти да се соочат со прекини во образованието поради штрајкот што се одржува поради платите, работните услови и пензиите.
На 8 ноември, Националниот студентски сојуз го најави штрајкот и соопшти дека студентите се солидаризираат со 70.000 универзитетски работници низ Велика Британија за штрајкот.