Tayfun Salcı
05 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
ЛОНДОН (АА) - Откако британскиот парламент го одобри изведувањето на воздушни напади на терористички упоришта во Сирија, британски бомбардери полетаа од базата на Кипар и го изведоа и вториот напад на упориштата на ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за одбрана на Велика Британија, Мајкл Фалон, соопшти дека првите напади се изведени во четвртокот во раните утрински часови. Мета на нападите беа нафтените извори и постројки на нафтеното поле Ал-Омер во Сирија. Тогаш во нападите учествуваа два бомбардера од типот Торнадо и шест од типот Тајфун, додека во новите напади на изворите и постројките учествувале два бомбардера Торнадо и два Тајфун.
Фалон истакна дека Велика Британија ќе продолжи со нападите на изворите на финанирање на терористичката организација.
Британскиот парламент во средата изгласа одобрување за почеток на воздушните напади во Сирија.