Hasan Arslan
28 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
ФРАНКФУРТ (АА) - Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во својот извештај објави дека е зголемен очекуваниот економски раст на Турција за 2017 година, од 3,4 на 6,1 отсто, а за 2018 година од 3,5 на 4,9 отсто, под влијание на силниот финансиски поттик и закрепнувањето на извозниот пазар, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот се вели дека очекуваниот економски раст за 2019 година изнесува 4,7 отсто. Во извештајот се наведува дека во 2018 година ќе биде потребно јакнење на чувството за бизниси и домаќинство, за да се одржи динамиката на развојот.
„Објавениот ефективен напредок може да ја зголеми довербата благодарение на структурните реформи, финансиската транспарентност и целите на дефлација за периодот 2018-2020 г. на Среднорочната економска програма, што може да ги зголеми домашните и странските инвестиции во приватниот сектор”, се вели во извештајот.

Исто така, во извештајот се додава дека поради високиот дефицит, финансиската слабост и понатаму е висока, поради што се јавува потреба од надворешно финансирање.
„Зголемен е бројот на фирми кои имаат потреба од надворешно финансирање за надминување на долговите, што ги намалува нивните капацитети за дополнително задожување и инвестиции.
Големиот систем за државни гаранции, кој стапи во сила во 2017 година, на краток рок ги олесни финансиските проблеми и сметаме дека ваквата примена ќе остане и во наредните две години.
Заедно со ова, за да се зголеми отпорот, потребно е локалните и странските инвеститори да развијат заеднички екосистеми во фирмите на секое ниво“, се вели во извештајот.
Во него дел е посветен и на процена на инфлацијата, во којшто се истакнува дека е очекувано оваа година во Турција таа да изнесува 10,7 отсто, наредната 9,9, додека во 2019, се очекува инфлација од 8,9 отсто.
Од друга страна, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка во октомври, и Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) овој месец го зголемија очекуваниот економски раст на Турција.
Според податоците на Турски институт за статистика (ТУИК), турската економија оваа година во првиот квартал забележа раст од 5,2 отсто, а во вториот квартал, постигнувајќи пораст од 5,1 отсто, покажа перформанс над очекуваното.
Официјалните лица, меѓу кои и претседателот Реџеп Таип Ердоган, изјавија дека се очекува уште поголем економски раст во третиот и во четвртиот квартал, за на крајот од 2017, економски раст на годишно ниво да изнесува околу 7 отсто.